Asus Zenfone AR беше најавен во текот на саемот CES во јануари. Минатиот месец се појавија информации дека телефонот би можел да биде лансиран во Тајван во средината на јуни, по што би се појавил и на останатите територии.

Поканата за медиумките сега ги потврдува овие информации. Asus Zenfone AR ќе биде официјализиран на 14. јуни во две варијанти. Една со 8 GB RAM и друга со 6 GB RAM.

Asus Zenfone AR го содржи Snapdragon 821 CPU, Tango систем од три камери кои можат да ја детектираат позицијата во тродимензионален простор и да ги користат аплиакциите дизајнирани за уредот. Тука е и 5,7-инчниот WHD дисплеј, кој овозможува компатибилност со  Google Daydream VR платформата. Сето тоа го напојува 3300 mAh батерија.