Amazon во 2014. година имаше прилично неуспешен излет на пазарот на паметни телефони со својот смартфон Fire Phone

Тогашната стратегија на Amazon беше да се понуди споменатиот уред на американскиот пазар, како и во одредени европски земји, што се покажа неуспешно. Три години подоцна, американската компанија планира враќање на пазарот на паметни телефони, но овој пат со нешто поинаква стратегија.

За разлика од Fire Phonе, челниците на Amazon имаат намера да продаваат два нови уреда засега познати под кодното име Ice и тоа на пазарите во земјите во развој, како што е на пример Индија.

Новите Ice уреди би требало да се темелат на оперативниот систем Android со додаток на понудата Google Mobile Services (што означува присуство на Google апликациите како што се Gmail и Google Play продавницата), што е исто така поразлично од досегашната стратегија на Amazon, со оглед на тоа дека актуелните Fire уреди не ги содржат апликациите на Google.

Од новите Ice телефони, меѓутоа, не треба да се очекува премногу во однос на нивните карактеристики. Гласините наведуваат модели со 5.2 и 5,5 инчни екрани, Snapdragon 435 процесор, 2 GB RAM, 16 GB интерна меморија, 13-мегапикселна камера и оперативниот систем Android 7.1.1 Nougat.