Регуларните корисници на интернет не го кријат својот анимозитет кон рекламите, но не треба да се заборави дека ова е начин на кој компаниите и огласувачите заработуваат и привлекуваат внимание на своите производи и услуги. Сепак, понекогаш рекламите се дизајнирани така што се многу нападни и иритантни, и е потребно користење на адблокери.

Во последно време почнавме да гледаме дека одредени прегледници имплементираат или најавуваат вградување на адблокери во својот софтвер. Во април слушнавме информации за тоа дека Google планира ова да го имплементира во  Chrome. Сега стигнува и потврда на оваа информација, од 2018 година, корисниците на Chrome ќе имаат изворно решение за блокирање на рекламите во својот браузер.

Google на својот блог објави: „Во разговор со Coalition и другите индустриски групи, планираме во Chrome да уфрлиме можност рекламите да не се прикажуваат (вклучувајќи ги и оние кои ги поседува и презентира Google) на сајтовите што не се во склад со Better Ads Standards, почнувајќи од првите месеци на 2018 година”.

Ова значи дека рекламите, кои не ги исполнуваат стандардите ќе бидат блокирани, додека рекламите кои ги исполнуваат нема да бидат блокирани. На овој начин, Google сака да ги „исправи” рекламите што можат да бидат нападни и иритантни за корисниците, а ова е секако добар почеток.

ИЗВОР: Ubergizmo