Очилата овозможуваат снимање на видео во траење од 10 секунди што можете да ги поставите на Snapchat

Компанијата Snap inc. во Лондон почна да ги продава своите Spectalcles очила со камера што можат да снимаат видео со должина до 10 секунди и да се споделуваат преку социјалната мрежа Snapchat. Првиот хардверски производ на Snap може да се купи на подрачјето на познатиот London Eye, каде што се наоѓаат Snapbots, а цената на гаџетот изнесува 130 фунти.

Snap во текот на ова лето планира да ги прошири своите Snapbot автомати на повеќе места во главниот град на Британија, а во план е и ширење на другите познати европски градови, вклучувајќи ги Париз, Берлин, Барселона и Венеција.

За разлика од другите очила опремени со камера како Google Glass, што можеа тајно да снимаат, па многумина се лутеа поради нарушување на приватноста, Spectacles не можат да снимаат подолго видео од 10 секунди, а при секое снимање автоматски се склучува LED блицот кој веднаш ќе ви открие дека некој ве снима. Веруваме дека ова чудо брзо ќе стигне и кај нас, каде што би можело да биде многу популарно, па некојте да се чудите ако здогледате жолт автомат со непозната намена.