Middle-earth: Shadow of War одложена за октомври

Monolith Productions ја најави Middle-earth: Shadow of War во февруари, кога беше сугерирани дека играта ќе биде објавена на 22. август. Меѓутоа, новата објава на програмерите открива дека датумот на лансирање на играта е одложен за 10 октомври.

Иако во соопштението не се објавени специфични причини за ова одложување, програмерот истакнува дека “поради постигнување на оптимални стандарди на квалитет донел тешка одлука да го помести датумот на објавување на играта, за да осигура дека Middle-earth: Shadow of War ќе го донесе тоа што било ветено”.

Повеќе детали за самата игра ќе бидат објавени во текот на E3 саемот, кој почнува за две недели. Middle-earth: Shadow of War Е планирана за Steam, Windows 10, Xbox One, PlayStation 4, како и за претстојната конзола на Microsoft, Project Scorpio.

ИЗВОР: Neowin

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × three =