Вработените во компанијата веќе некое време го тестираат Siri звучникот, а неговото претставување го очекуваме на WWDC конференцијата

Иако Apple меѓу првите компании претстави гласовне асистент на мобилните уреди (Siri) и го интегрираше во оперативниот систем за своите iOS уреди, се чини дека конкуренцијата како Amazon и Googlea денес е пред Apple, односно можностите на нивниот софтвер се поголеми во однос на Siri. Освен гласовните асистенти, овие компании развија и соодветен хардвер – Amazon го има паметниот звучник Echo, a Google звучникот Home преку кои корисниците можат да комуницираат со гласовните аистенти и преку нив да добијат информации за времето, да управуваат со музиката и телевизијата, да нарачаат храна од ресторан и слично.

Според последните информации, на овој пазар наскоро посериозно би можел да зачекори и Apple и уште следната недела на WWDC конференцијата би требало да го претстават Siri Speaker, паметен звучник со интегриран гласовен помошник Siri. Овој звучник веќе некое време се наоѓа во фаза на завршен прототип и вработените на компанијата го тестираат веќе неколку месеци, а освен новиот хардвер, од Кук и екипата можеме да очекуваме и некои софтверски подобрувања, односно нови опции за Siri. Иако официјалното претставување на звучникот можеме да го очекуваме следната недела, неговата продажба ќе почне дури кон крајот на годината, но сепак за време на божиќниот шопинг.

Преку Siri звучникот, корисниците ќе управуваат со куќните уреди што го поддржуваат Apple HomeKit и ќе слушаат музика (звучникот ќе биде интегриран со услугата Apple Music), а предноста на Apple во однос на конкуренцијата би требало да биде поквалитетниот звук (се споменува виртуелен сараунд).

Бидејќи WWDC конференцијата првенствено е наменета за програмерите, претставувањето на овој уред на неа има смисол бидејќи на програмерите ќе им даде време за развој на нови апликации и сервиси за нивниот звучник пред почетокот на продажбата, така што љубителите на Apple, кога ќе го купат овој звучник, со него ќе можат да управуваат со најразлични сервиси. На пример, преку Siri на iPhone корисниците веќе можат да испратат порака по пат на WhatsAppa или да нарачаат Uber, а вакви и слични опции можеме да очекуваме и од нивниот звучник.

ИЗВОР: Bloomberg