Oнлајн продавницата за апликации му донесе огромна заработка и на Apple – околу 30 милијарди долари

Со претставувањето на iPhone почна револуцијата на пазарот на паметни телефони, а со втората генерација на смартфонот, компанијата почна уште една револуција и во 2008 година беше претставен App Store. Продавницата на Apple на едно место ги поврза програмерите и корисниците и веројатно ни најголемите оптимисти не веруваат дека со текот на годините App Store ќе оствари толку голем успех.

Apple објави дека од основањето на App Store до денес, на програмерите им се исплатени дури 70 милијарди долари, што само за себе говори колку голема стана оваа индустрија, а онлајн продавницата му донесе солидна заработка и на Apple – околу 30 милијарди долари.

Што се однесува до статистиката врзана за App Store, во последната година бројот на преземање на апликации порасна за дури 70 проценти (на крилјата на игрите како Pokemon и Super Mariо), а најпопуларните категории се врзани за гејминг и забава, додека категоријата што забележа најголем раст од скоро 90 отсто во текот на последните дванаесет месеци е фото и видео.

Еден од шефовите на Apple во одделот за маркетинг, Фил Шилер изјави дека ова се неверојатни бројки и дека не може да ја дочека следната недела и почетокот на конференцијата наменета за програмерите WWDC 2017.

ИЗВОР: 9to5 Mac