На многумина најмногу им пречи интегрирањето на предната камера во горниот дел на екранот

Новиот Essential телефон веднаш по претставувањето ја зазема позицијата помеѓу најнеобичните паметни телефони на светот, но тоа нужно не е најдобрата работа што може да ја има некој премиум уред. Дизајнерите и авторите ширум светот сметаат дека првиот паметен телефон на новата компанија на основачот на Android има голем недостаток.

Како што веќе напишавме во текстот за претставувањето на телефонот, многумина го нарекоа анти-iPhone, поради циглестиот облик и другите необични дизајнерски решенија. Една од оние работи што најмногу пречи не е губитокот на 3,5-милиметарскиот аудио приклучок, туку интегрирањето на предната камера во горниот дел на екранот.

Втор друг сличен уред, наречен уште и кинески мобилен од соништата – Xiaomi Mi MIX камерата ја интегрира во долниот дел на уредот каде што има слободен простор. На тој начин е осигуран непрекинат екран од горната страна на уредот, додека во Essential се одлучија на доста понеконвенционално решение видливо на насловната фотографија.

Причината за оваа одлука е нејасна, ако се изземе необичноста во пристапот.  Баш како и Xiaomi Mi MIX, Essential Phone има подебел дел од рамката од долната страна на уредот – простор кој не е заземен од екранот. Тука без проблем можеше да се смести камерата и останатите сензори потребни за функцијата на паметен еден телефон.

Извор: Bussines Insider