Различните институции на Европската унија (Европски парламент, Европски совет и Европска комисија) по меѓусебниот договор стартуваа со финансирање на проектот WiFi4EU.

Се работи за иницијатива чија цел е во во секое село и град на подрачјето на Европската унија да овозможат бесплатен пристап до Интернет по пат на WiFi пристапни точки разместени на стратешки места во градските и селските средини.

Проектот посебен акцент ќе стави на подрачјата што моментно имаат ограничен пристап до Интернет, а ќе постојат и различни симулации со цел приватниот сектор да инвестира во поквалитетно вмрежување на Европа.

Трите институции споменати на почетокот на овој текст севкупно за WiFi4EU проектот ќе издвојат 120 милиони евра, што е износ што ќе биде потрошен за опрема што ќе овозможи бесплатен пристап до Интернет на 6000 до 8000 локации на подрачјето на Европската унија.