Музиката влијае на нашата воља

Уживајте во музиката на Gorillaz преку апликацијата Lenz на Македонски Телеком

Музиката е најсуптилен производ на човечките активности и се издвојува од останатите уметности по својата сеприсутност, но и по својата древност. Ниту една позната светска култура низ историјата не опстојувала без музика. И иако изгледа како едноставен и банален субјект, музиката има способност емотивно да нè придвижи, како ниту една друга уметничка форма.

Токму со истражување на влијанието на музиката врз поединците се занимава делот од медицината наречен музикотерапија, која открива дека музиката влијае на делот од мозокот задолжен за чувствата и за доживувањата. Овој организиран звук што поврзува емоционални, духовни и физички елементи го менува расположението и влијае на нашите физички реакции.

Изборот на музиката што ја слушаме влијае на нашата воља. Голем дел и од сеќавањата се врзани со музика или музички фрази. Музиката ја има таа неверојатна моќ на привлекување и способност на обединување на луѓе за само еден момент. Токму тоа се случува изминатите денови на централното градско подрачје, секаде каде што може да се најде магента површина или тимот на магента девојки што ќе ги сретнете низ Скопје. Оваа боја е „лозинка“ до музиката на Gorillaz, што ќе си ја овозможите преку Lenz апликација која освен до вашиот омилен ритам, ќе ви даде пристап и до нови, ексклузивни содржини за бендот што го сакате.
Со помош на бојата на облеката на магента тимот и оваа иновативна AR (Augmented Reality) апликација ќе искусите една сосема нова димензија.

Бесплатната апликација што може да се преземе од Google play или од App Store ја преобразува која било магента површина во виртуелен портал преку кој може да се ужива во музиката, интервјуата, концертите и многу други содржини за Gorillaz, сега со двојно повеќе интернет вклучен во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1.

Уживајте во музиката на Gorillaz и обидете се да осознаете што го диктира вашиот пат низ светот на музиката, врз основа на ритамот што вè придвижува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − 4 =