Социјалната мрежа наскоро ќе почне става „воден печат“ на сликите обработени со Photoshop

Најпопуларната социјална мрежа за споделување фотографии, Instagram ќе воведе новитет што нема да им се допадне на љубителите на Photoshop. Instagram наскоро ќе става „воден печат“ на сликите креирани со Photoshop со цел сите корисници да знаат дека таа објава е обработена.

Челниците на социјалната мрежа се одлучија за овој потег по предлог на експертите од здравствената организација „Royal Society for Public Health“, која неодамна заклучи дека „идеализираните фотографии на јавните личности“ негативно влијаат врз самодовербата на тинејџерите.

Ова во превод значи дека домашните, балканските, но и светските ѕвезди отсега ќе мора да „признаат“ како изгледаат без помош на фотошоп.