Essential го претстави најавениот смартфон без рамки околу екранот

Компанијата на еден од креаторите на Android, Енди Рубин издаде модуларен уред со 5,7-инчен екран

По неколку месеци најави и шпекулации, кретаорот на Android го претстави првиот смартфон на неговата нова компанија Essential. Како што се очекуваше, се работи за уред без компромиси со одлични спецификации и софистициран инустриски дизајн. Во центарот на вниманието е full screen 5,7-инчниот екран (2560×1312 пиксели) што е сместен речиси на целата предна површина на телефонот.

Уредот е изработен од титаниум и керамика, и компанијата смета дека ќе ги совлада сите алуминиумски смартфони во поглед на издржливоста. Неговиот префинет изглед е надополнет со недостаток на било какви логоа. Интересно е дека горниот дел од екранот е прекинат од предната камера за што компанијата истакнува дека обично во тој дел не се прикажуваат работи од оперативниот систем.

Внатрешноста ја сочинуваат вобичаените компоненти присутни и во другите ударни Android смартфони: Snapdragon 835 процесорот, 4 GB RAM, батерија со 3040mAh и 128 GB интерна меморија. Најинтересна е малата камера од 360 степени, што може да снима сферични UHD (3840×1920) слики во 30 фрејма во секунда.

Генералниот концепт е сличен на  Moto Mods на Motorola, што и донесе модуларно прилагодување на Moto Z линијата.На задниот дел од уредот се поставени и два приклучоци наменети за додатоци кои ќе може да се користат со телефонот. Ова го прави овој телефон до некаде модуларен, нешто коешто до сега во главно можевме да го видиме во моделите од Moto и LG.

Телефонот ќе работи на новата верзија на Android 7.1 Nougat, a ќе може да се купи во четири различни бои – Black Moon, Stellar Grey, Pure White и Ocean Depths по цена од 699 долари.

 

ИЗВОР: Engadget

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − eleven =