Минатата година, Intel на Computex го претстави својот прв 10-јадрен процесор за потрошувачи, кој беше скап (околу 1700 долари), но ги задоволуваше потребите на корисниците на кои им беше од значење во ист момент да се извршуваат повеќе задачи. Оваа година, Intel оди чекор понатаму со новата фамилија процесори, под името Core X-series, која ја предводи 18-јадрениот i9-7980XE CPU.

Со цена од 1999 долари, i9-7980XE сигурно не претставува процесор што ќе се најде во просечните десктоп машини. Со овој модел, Intel сака повторно да ги задоволи потребите на корисниците (на пример гејмерите што сакаат да играат игри во 4K додека ги пренесуваат во HD квалитет преку Twitch). Покрај споменатите 18 јадра, i9-7980XE е и прв Интелов потрошувачки чип кој пружа преку еден терафлоп компјутерска сила.

Нa оние на кои им се премногу 18 јадра, Intel ќе објави и други Core i9 Extreme Edition чипови, со 10, 12, 14 и 16 јадра. Објавено е дека дестјадрениот Core i9-7900X ќе се продава по цена од 999 долари.

ИЗВОР: Engadget