Се очекува ова да биде прв модел на Samsung кој ќе донесе дуал систем на камерата на задната страна

Доколку може да им се верува на најновите извештаи, Samsung во блиска иднина ќе го лансира Galaxy C10 смартфонот. Се очекува ова да биде прв модел на Samsung кој ќе донесе дуал систем на камерата на задната страна, како и дека можеби ќе го има виртулниот асистент Bixby.

На интернет се појавија неколку рендери на претстојниот телефон кои ни покажуваат што може да ни донесе Samsung Galaxy C10. Се зборуваше дека Galaxy S8 прв ќе го донесе системот на двојна камера кај телефоните на Samsung, но тоа не се случи, а истото ни го говорат и гласините за Galaxy Note8.

 

Сепак, изгледа дека Samsung дебито на овој систем го подготви за Galaxy C10. Технички спецификации за системот на камерата нема во овој момент, па се уште не е јасно колку ќе биде добар вои поглед на перформансите. Samsung треба да објави кога ќе биде достапен телефонот.