Пребарувајте ги своите профили на Google

На едно место ќе можете да ги пребарувате своите мејлови од Gmail, Google Photos, Calendar и другите услуги.

Google на своите корисници одлучи да им понуди можност за персонализирани пребарување. Тоа значи дека сега можете да пребарувате содржини што сами сте ги создале на сервисите на Google.

Во превод, ќе можете на едно место да ги пребарувате своите мејлови од Gmail, Google Photos, Calendar и другите услуги од палетата на Google сервиси.

За да пристапите до персонилизираното пребарување, пријавете се со својот Google акаунт и едноставно вклучете го Google Search во својот веб прегледник и межу опциите за пребарување побарајте ја опцијата “Personal”.

Зависно од пребарувањето што сте го извршиле ќе видите различни резултати врзани си вашите информации – од фотографиите што сте ги снимиле до мејл пораките.

Од Google истакнуваат дека нема страв од повреда на приватност, бидејќи персонализираните пребарувања му се видливи само на лицето кое ги спроведува, освен ако резултатите не ги поделите со некој.

Персонализираното пребарување засега е достапно преку интернет прегледникот, а се уште чекаме да се појави и во мобилната апликација на Google.

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × three =