Официјалната реклама сугерира дека смартфонот официјално ќе биде пуштен во продажба на 1. јуни

За моделот Moto Z2 Play информации се појавуваат на редовно ниво, а сега се појави и првата фотографија која уредот го прикажува во повисока резолуција. Иако е видлива само предната страна на телефонот, може да се забележи дека Moto Z2 Play ќе биде достапен во бело златна, црно сива и бело сребрена варијанта.

Покрај изгледот на предниот панел, како и боите во кои ќе биде објавен телефонот, официјалната реклама сугерира дека уредот првобитно ќе се појави на 1. јуни. Се очекува Moto Z2 Play најпрвин да биде достапен во Јужна Америка, а потоа ќе се прошири и на останатите земји.

Нешто порано дознавме дека Moto Z2 Play ќе има Snapdragon 626 процесор, 4 GB RAM, а официјално е потврдена и батеријата од 3000 mAh. Телефонот ќе работи на Android 7.1.1 Nougat  оперативниот систем.

ИЗВОР: PhoneArena