Протечениот оригинален концепт укажува на тоа дека LG V30 би требало да има лизгачки секундарен екран.

LG ја покрена V серијата ударни телефони пред неколку години, а се работи за единствени телефони што имаат секундарен екран во врвот на главниот екран. Доколку може да им се верува на извештаите, LG ќе го претстави и третиот модел во оваа серија.

Протечениот оригинален концепт укажува на тоа дека LG V30 би требало да има лизгачки секундарен екран. Бидејќи концептот се појави на Twitter профилот @evleaks, знаеме дека е вистинска работа. Меѓутоа, Еван Блас веднаш истакна дека се работи за ран концепт па е нејасно во кој правец натаму отиде LG.

Рендрот ни покажува дека секундарниот екран овој пат ќе биде под главниот екран, и дека можеби би можел да ја дуплира тастатурата или би можел да обезбеди пристап до често користените апликации. Секундарниот дисплеј ќе биде лизгачки и ќе се извлекува кога му е потребен на корисникот. LG би требало да го претстави V30 дури во септември, па останува да видиме што всушност подготвува.

ИЗВОР: GSMArena