Кога ќе испраќате видео или фотографија до пријателите преку опцијата Direct не морате повеќе да ја сечетe

Новата верзија на Instagram е достапна за преземање на App Store и Google Play продавниците за апликации. Надградбата на популарната апликација за споделување фотографии додава некои нови функции, па еве што ќе добиете доколку го инсталирате апдејтот.

Бидејќи Instagram Direct  беше покренат за сите корисници во април, програмерите пробаа дополнително да го подобрат со нови функции и подобрувања. Некои од најважните функции беа објавени денеска, бидејќи Direct опцијата сега поддржува и поддршка за пејзаж и портрет режим. Исто така, кога ќе испраќате видео или фотографија до пријателите преку Direct не морате повеќе да ја сечете (crop).

Надградбата исто така донесува и поддршка за линкови во Direct, што значи дека корисниците на  Instagram можат да делат сајтови со своите пријатели и да ги прегледуваат директно во конверзацијата. Ова исто важи и за телефонските броеви и адреси.