Студијата на Стенфорд универзитетот откри дека паметните часовници немаат прецизни фитнес функции

Постојат доста уреди за носење во овој момент што имаат вграден сензор за мерење на отчукувањето на срцето, но тоа не значи дека сите се идентични. Сензорите не се изработени еднакво, а доколку сте во потрага по фитнес тракер, најдобра опција за тазгледување е Apple Watch.

Барем така е наведено во неодамнешната студија што ја спроведе Стенфорд универзитетот во која е откриено дека паметниот часовник на Apple има најпрецизен сензор за мерење на отчукувањето на срцето меѓу останатите фитнес тракери што беа тестирани. Помеѓу другите уреди, тестирани беа Samsung Gear S2, MIO Alpha 2, Microsoft Band, Fitbit Surge итн.

Базирани на нивните наоди, Apple Watch се најде на врвот со стапка на грешка од само 2 проценти, додека Samsung Gear S2 беше најмалку прецизен со средна стапка на грешка од 6,8 otsto. Apple Watch, пак, е далеку од совршен, бидејќи истражувачите пронајдоа дека е прилично непрецизен кога е во прашање следењето на согорувањето на калории, со грешка од дури 40 проценти.

ИЗВОР: Ubergizmo