Ова го потврди Извршниот директор на компнанијата, Џек Дорси, во текот на годишниот состанок на компанијата со акционерите

Твитер од своето настанување секогаш беше бесплатен. Меѓутоа, бидејќи компанијата пробува да најде нови начини за остварување приходи, почна да ја разгледува опцијата за воведување на премиум сервис, базиран на претплата.

Ова го потврди Извршниот директор на компнанијата, Џек Дорси, во текот на годишниот состанок на компанијата со акционерите. На прашањето дали Твитер го разгледува објавувањето на сервисот, базиран на модел на претплата (за да им овозможи на членовите дополнителни функции), Дорси одговори потврдно. Тој исто така спомена дека Твитер нема конкретни планови кога ќе ја објави услугата, но секогаш размислува во таа насока.

Компанијата ќе продолжи да ги следи реакциите на корисниците и ќе процени дали е во поширок интерес на публиката лансирање на премиум, претплатнички сервис.

ИЗВОР: Ubergizmo