Истражувањето беше објавено во магазинот „Computers in Human Behavior”

Емоциите понекогаш можат да ги водат луѓето кон тоа да кажат нешто во некој момент што веројатно не го сакале. Меѓутоа, најновата студија говори дека треба да се земе во предвид корситењето на смартфоните, а не компјутерите кога во прашање е донесување одлука. Имено, студијата откри дека корисниците се многу порационални кога користат паметен телефон.

Оваа студија е објавена во магазинот „Computers in Human Behavior” и интересен е заклучокот дека луѓето се многу порационални кога решаваат некоја дилема на смартфон, отколку на компјутер. Корисниците на компјутерите повеќе се потпираат на интуитивното емоционално одлучување.

Наводно, ова е поради тоа што паметните телефони имаат тенденција да ни овозможат да се фокусираме само на една работа во исто време, додека компјутерите овозможуваат повеќе надворешни информации одеднаш. Претпоставка е дека во голема мерка ова е и поради начинот на кој е дизајниран софтверот.

ИЗВОР: Engadget