Лаптопот поседува 11,6-инчен IPS екран осетлив на допир со резолуција од 1920 х 1080  пиксели

Acer ја обнови својата линија конвертибилни преносници Spin 1 со нов модел. Новиот Spin 1 донесува 11,6-инчен IPS екран осетлив на допир со резолуција од 1920 х 1080 пиксели (со поддршка за Active Stylus пенкалцето што се продава посебно).

Срцето на овој преносен компјутер е Intel Apollo Lake процесорот (Pentium или Celeron) во комбинација со 4 GB RAM i 32, 64 или 128 GB интерна меморија . Тука е и поддршката за Wi-Fi (2×2 MIMO 802.11ac) и Bluetooth 4.0, како и по еден USB 3.1 Type-C и еден USB 2.0 приклучок, како и влез за microSDXC картичките.

Благодарение на металното куќиште и новиот дизајн, свежо претставениот преносник е потенок, полесен и поцврст од своите претходници. Неговата тежина изнесува 1,25 килограми, а дебелината 14 милиметри, додека Acer наведува дека вградената батеријата би требало да пружа автономија од максимално осум часа.

Новиот конвертибилен 11,6-инчен лаптоп Spin 1 ќе пристигне на пазарот во јуни со цена од околу 329 американски долари.