Рендерите покажуваат дека и покрај гласините, новиот 10,5-инчен модел нема да биде без рамки околу екранот

Аналитичарот на KGI securities, Минг-Чи Куо неодамна најави дека Apple ќе го претстави новиот 10,5-инчен iPad Pro на конференцијата за програмери, WWDC што ќе се одржи од 5 до 9 јуни во Сан Хозе. Рендер уметникот Бенџамин Гескин презентира цртежи од се уште ненајавените iPad Pro модели (10,5 инчи и 12,9-инчи), на својот Twitter профил постави и фотографии од маските за двата таблет уреда.

Цртежите покажуваат дека и покрај гласините, 10,5-инчниот модел нема да биде без рамки околу екранот. Гескин вели дека страничните рабови ќе бидат со дебелина од 7 милиметри, што е ското два пати повеќе од она што се очекува кај претстојниот нов iPhone 8 (4 мм).  Се уште ќе биде присутно Touch ID/Home копчето, но нема да биде механичко, туку слично како кај iPhone 7 и iPhone 7 Plus.

Првобитните гласини велеа дека Apple ќе успее да смести 10,5-инчен дисплеј во сегашната големина на 9,7-инчниот iPad Pro, но единствен начин тоа да се постигне е со драстично намалување на рамките околу екранот. Според овие цртежи, тоа не е случај и новиот уред е неколку милиметри повисок и незначително поширок од сегашниот iPad Pro.