Научници од Велика Британија ги истражуваа влијанијата на социјалните мрежи

Социјалните мрежи станаа неизоставен дел од нашите животи. Меѓутоа, психолозите постојано опоменуваат дека прекумерното нивно користење води кон огромно незадоволство и депресија. Последното во низата истражувања утврди и која социјална мрежа е најопасна по менталното здравје на луѓето, особено кај помладата популација.

Студијата што беше спроведена од Кралското друштво за јавно здравје во Велика Британија, покажа дека од сите социјални мрежи, најопасен за менталното здравје е Instagram. Оваа апликација што е во сопственост на Facebook моментно има повеќе од 700 милиони корисници ширум светот, и за повеќето претставува главна платформа за објавување на фотографии. Британското здружение сепак покажа дека кај помладите лица од 14 до 24-години, Instagram e најчесто поврзан со ниското ниво на самодоверба, лошата слика за себе  и недостатокот од сон.

Веднаш зад Instagram според ова истражување се најде Snapchat, кај кој најголем проблем е тоа што корисниците се чувствуваат злоупотребени или занемарени во однос на врсниците. Колку за споредба, YouTube се смета за платформа што најмногу ги промовира позитивните особини како што се изразувањето на креативност и пружање на емоционална поддршка за младите луѓе, но е истовремено одговорен и за најголем губиток на сонот.

Најпопуларните мрежи Facebook и Twitter остварија подеднакви резултати. Добија плус за позитивно изразување на креативноста и за изградбата на мрежата од пријатели, но и минус поради огромниот број на случаи за злоставување помеѓу врсниците како појава на депресија.