Телевизорите на Samsung благодарение на AutoCal софтверот сега можат да го израмнат приказот на бои на влезните и излезните уреди

QLED TV приемниците на Samsung од 2017 година отсега имаат можност за автоматски подесување на боите на екранот благодарејќи на новиот софтвер Portrait Displays за автоматско подесување на CalMAN со AutoCal. Софтверот го користат професионалните калибратори  во индустријата на визуелни екрани и поголемиот дел од крајните корисници во индустријата на пренесување, продукција и пост-продукција.

Калибрацијата е постапка на постепено прилагодување бојата на екранот на ТВ приемникот. Оваа постапка посебно им е важна на дизајнерите, фотографите и видео професионалците, на кои целта во потполност им е да го изедначат приказот на боите на влезите уреди, како мониторите, но и на излезните уреди. Калибрацијата им пружа на корисниците можност за оптимизација на сликата за да го постигнат посакуваното искуство на гледање соодветно на околината во која се наоѓаат.

Во партнерство со компанијата Portrait Displays, Samsung QLED TV приемниците се први во светот кои имаат вградена поддршка за автоматско подесување на сликата во HDR квалитет. Автоматското подесување на сликата претходно беше достапно само за стандардниот динамични распон (SDR) на квалитетот на сликата.

„Воодушевени сме што низ нашето партнерство со компанијата Portrait Displays ќе го донесеме CalMAN со AutoCal софтверот во домовите на нашите корисници”, изјави ХС Ким, преседател на работењето со визуелни екрани на компанијата Samsung Electronics, и додаде: „Samsung QLED TV приемниците се први комплетни ТВ производи кои ја содржат врвната калибрација на CalMAN и им овозможуваат на нашите корисници да имаат на располагање алатки за врвно искуство на гледање”.