HP ја освежува Envy линијата лаптопи

Компанијата претстави два модела, што на пазарот ќе се појават со 13,3 и 17,3-инчни екрани и со најнови Intel Kaby Lake процесори

HP одлучи дека е време да ја освежи понудата во Envy серијата преносни компјутери. Поради тоа претстави два модела што на пазарот ќе се појават со 13,3 и 17,3-инчни екрани и со најновите Intel Kaby Lake процесори.

За помалиот, 13,3-инчен модел, HP избра дисплеј со FHD резолуција (1.920 x 1.080 пиксели). Во зависност од избраната конфигурација овој модел може да биде опремен со Core i5 и Core i7 процесори (Kaby Lake) и до 16 GB RAM.

 

Envy 13 има метално куќиште со дебелина од само 13,95 милиметри и тежина од околу 1,2 килограми. Според наводите на производителот, батеријата на преносникот со едно полнење може да понуди до 14 часа работа. Купувачите кои ќе се одлучат за помалиот модел може да изберат помеѓу златната (Silk Gold)  и сребрената (Natural Silver) боја на куќиштето.

Но, купувачите на поголемиот 17,3-инчен модел немаат премногу избор. За нив,  HP намени исклучиво сребрена боја на куќиштетот, но затоа добија и некои подобрувања, како екран со повисока 4K резолуција – 3.840 x 2.160 пиксели, Nvidia графичка картичка GeForce 940MX и читач за веќе малку заборавените оптички медиуми.

 

Батеријата има пократко времетраење – до 10 часа. Благодарејчи на дополнителните компоненти куќиштето доби на дебелина (23,3 милиметри) и тежина (3,05 килограми). И двата преносника доаѓаат со посебно дизајниран капак на екранот кој по отворањето го подигнува долниот дел на куќиштето за неколку милиметри и на тој начин обезбедува подобар проток на воздух, а со самото тоа и подобро ладење.

Преносниците добија и SecurePad 2 (тачпад со интегриран читач на отисоци од прсти), Bang & Olufsen звучници, USB-C портови и можност за спојување до два дополнителни 4K монитора. Лаптопите ќе пристигнат во продажба во текот на јуни по почетни цени од 1.049 долари за 13,3-инчниот модел и 999 долари за 17,3-инчниот модел.

 

 

 

 

One thought on “HP ја освежува Envy линијата лаптопи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − five =