Кинеската платформата Weibo моментно има 340 милиони месечно активни корисници

Американската социјална мрежа Twitter според важечките прописи е забранета за користење во Кина, поради што на тамошните корисници им е достапна верзија прилагодена на правилата и барањата на кинескиот пазар. Се работи за микроблогинг платформата Weibo во сопственост на кинеската телекомуникациска компанија Sina.

Според последните објавени податоци што се однесуваат на месец март, платформата Weibo моментно има 340 милиони месечно активни корисници во Кина, додека на пример Twitter во остатокот на светот бележи 328 милиони месечно активни корисници.

На тоа треба да се додаде и податокот на локалните агенции во кој се напоменува дека во декември 2016 година во Кина имало 731 милиони корисници на Интернет, односно пристап до најголемата глобална мрежа имала 53,1 процент од тамошната популација.