Се работи за вештачка интелигенција која ќе може со помош на камерите да препознава објекти, текстови, работи околу вас

Google пред неколку дена на својата конференција  I/O претстави многу работи, а големо внимание привлече новиот систем наречен Google Lens. Се работи за вештачка интелигенција која ќе може со помош на камерите да препознава објекти, текстови, работи околу вас и за нив нешто да каже и да додаде некоја информација. Како што наведуваат од Google, освен препознавањето овој систем ќе може да преведува и разни текстови од странски јазици на вашиот јазик.

Google Lens за почеток ќе биде поврзан со Google Photos и Assistant. Со помош на Google Lens ќе можете да добиете информација за која градба се работи, ќе може да ви го излиста менито на ресторанот пред кој се наоѓате, а дури ќе може да поврзе и вашиот паметен телефон со WiFi мрежа, така што камерата ќе ја насочите кон податоците на корисничката сметка или податоците на рутерот на корисникот. Сето тоа ќе биде добиено преку камерата, така што системот со помош на камерата ќе препознае за што всушност се работи.

Како што наведуваат од Google, Lens константно ќе учи нови работи и ќе се надградува самиот себе така што ќе ги следи информациите што ве интересираат, а покрај тоа ќе ги следи и апликациите кои ги користите и што се користите во нив, и на тој начинн ќе ви понуди што токму ви треба.