Од компанијата велат дека грешката не била направена намерно, односно сметаат дека со казната од 110 милиони евра се затвора ова прашање. 

Кога Facebook во 2014. година го преземаше WhatsApp, мораше да бара одобрение од европските регулатори, бидејќи спојувањето на огромната корисничка база лесно можеше да го стави во монополистичка положба. Тогаш од Facebook ја известија Европската унија дека голем број корисници на WhatsApp нема да влијаат на силата на Facebook, бидејќи немаат можност автоматски да ги спојат базите на корисници од едната и другата услуга.

Отприлика две години откако ЕУ даде одобрение за спојување на WhatsApp кон Facebook, компанијата лансираше услуга која се потпира на спојување на корисничките профили од едната и другата мрежа. WhatsApp тогаш почна со Facebook да дели податоци за корисниците, нивните телефонски броеви и контакти.

Поради тоа беше покрената истрага, а денеска е објавена и пресудата – Facebook е должен да плати казна во висина од 110 милиони евра поради давање лажни информации. Од компанијата велат дека грешката не била направена намерно, односно сметаат дека со казната се затвора ова прашање.

Ова е веќе трета казна за Facebook во Европската унија за нешто повеќе од една недела. Минатата недела, Италија му одреди казна од 3 милиони евра поради недозволено делење на податоци помеѓу WhatsApp и Facebook, а недолго потоа Франција го казни со 150.000 евра поради непочитување на приватноста на корисниците и одвојување на нивните податоци од огласувачите.