Apple Watch може предвреме да предупреди на инфаркт

Истражувањето кое го спроведе универзитетот Калифорнија од Сан Франциско открива дека апликацијата Cardiogram може да го предупреди корисникот дека му се заканува срцев удар

Љубителите на носивата технологија секогаш имаат некоја причина зошто секој треба да ја користи. Но, се чини дека сега ја имаат најдобрата причина како аргумент – носивата технологија може да спасува животи, барем кога е Apple Watch во прашање.

Веќе се познати случаите кога опцијата за следење на работата на срцето кај овој паметен часовник укажала на проблеми и можни срцеви удари кај корисниците, но тоа значело дека срцевиот удар е во тек или дека истиот ќе следува.

Истражувањето кое го спроведе универзитетот Калифорнија од Сан Франциско открива дека апликацијата Cardiogram на Apple Watch може да го предупреди корисникот дека му се заканува срцев удар, пред тој да се случи или пред појавата на првите симптоми.

Користејќи повеќе од 100 милиони податоци за работата на срцето од повеќе од 6.000 Apple Watch корисници, програмерите на Cardiogram развиле алгоритам кој може да открие атријална фибрилација, која е често асимптоматска. Овој алгоритам е тестиран во болнички услови и резултатите биле вчудоневидувачки. Apple Watch детектирал фибрилација во дури 97 проценти од случаите.

Интересно е како неколку дена по објавата на оваа студија, излезе информацијата дека Apple планира својот паметен часовник да го претвори во уред за контрола на нивото на шеќер во крвта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =