Apple.com пред неколку дена доживеа невидена надградба и на сајтот беа додадени совети за  фотографирање на iPhone. Apple се обидува преку многу видеа да ни покаже како да го извлечеме најдоброто од нашите слики.

Кога прв пат ја видовме информацијата на еден од популарните Американски технолошки сајтови, си помисливме: каква глупава и слаба маркетиншка стратегија. Немаме идеја колкава вистинска маркетиншка вредност имаат овие образовни видеа, но Apple успеа да вметне повеќе отколку што најпрвин помисливме. Компанијата од Купертино создаде околу 17 видеа од по 40 секунди, и сите се снимани во вертикална позиција, баш како што би сакала општата публика.

https://www.youtube.com/watch?v=xvvXIt7XwXE

Начинот на кој се составени овие видеа е многу едноставен: Apple креираше видеа за различни теми, објекти и ситуации, каде покажуваат чекор по чекор како треба да фотографирате. Додека ги гледате видеата, можеби ќе почувствувате дека не се работи за записи специфични за iPhone, бидејќи се што направи Apple е всушност прилагодување на тоа како функционира фотографијата за да биде разбирлива за секого. Да, портрет режимот, панорамскиот режим и photostream исто така се споменати. Можете да ги гледате сите останати видеа на овој линк.

 

https://www.youtube.com/watch?v=uwMJv0_wa-M