Поголемиот Fire HD 8 донесува 8-инчен екран со резолуција од 1280 x 800 пиксели, 1,5 GB RAM и 16 или 32 GB интерна меморија

Amazon ја обнови својата линија на Fire таблет уреди. Поточно, претстави нови верзии на своите Fire 7 и Fire HD 8 таблети.

Помалиот Fire 7 сега е потенок и полесен во однос на претходните модели, донесува 7-инчен IPS екран со резолуција од 1024 x 600 пиксели, 1 GB RAM, 8 или 16 GB интерна меморија за складирање на податоци и автономија на батеријата од 8 часа.

Поголемиот Fire HD 8 донесува 8-инчен екран со резолуција од 1280 x 800 пиксели, 1,5 GB RAM, 16 или 32 GB интерна меморија и автономија на батеријата од 12 часа.

И двата таблета донесуваат четиријадрен процесор на такт од 1,3 GHz, задна камера од 2 мегапиксела и предна VGA камера, како и dual band Wi-Fi (802.11 ac). Fire HD 8 поседува и звучници со Dolby Atmos сертификат. Fire 7 во продажба стигнува со цена од 50 долари, а Fire HD 8 стигнува со цена од 80 долари.