HTC денеска во Тајван го претстави моделот U11, својот „вистински flagship” кој на пазарот доаѓа неколку месеци по моделот U Ultra со кој тајванската компанија го навести радикалниот пресврт по прашањето на модернизирање на финишот на својата линија телефони. Најкратко речено, се работи за незначително намалена верзија на U Ultra опремена со најсовремениот чипсет на Qualcomm, уште подобра задна камера која конечно по квалитетот може да се мери со актуелните топ-модели на конкуренцијата, уште „посилен” USonic звук и она што HTC го става во прв план Edge Sense, технологијата која овој уред го прави прв телефон на светот што има рабови осетливи на допир, односно поточно речено – на притисок.

Делува необично, дури и многу ризично за пазарот, но финишот и куќиштето се детали на кои секој ќе обрне внимание кога ќе го земе во рака HTC U11. Во однос на веќе познатиот модел  U Ultra (па и U Play), на прв поглед нема многу промени. Се работи за 5,5-инчен телефон сместен во стаклено куќиште  со метална рамка, многу ефектен, повеќеслоен финиш, благодарејќи на кој боите на позадината се „прелеваат” на атрактивен начин кој истовремено дава впечаток на премиум класа, но и веќе докажана доверливост на индустрискиот дизајн на HTC.

Телефонот работи на моментно најмоќниот процесот на  Qualcomm, Snapdragon 835 во комбинација со 4 GB RAM-a и 64 GB интерна меморија. Судејќи според минатогодишниот модел, тоа без проблеми би требало да му обезбеди завидни перформанси на подолго време. Задната камера остана на 12 мегапиксели, но отворот на блендата е зголемен на f/1.7, додека резолуцијата на предната камера е подигната на 16 мегапиксели, со додаток на UltraPixel технологијата.

HTC U 11 го донесува и новиот гласовен личен асистент Sense, кој наводмо е уште попаметен од оној во Ultra, покрај поддршката за Google Assistant, Microsoft Cortanа и Amazon Alexа. За жал, изоставен е 3,5 милиметарскиот излез за слушалки, но за разлика од Ultra, во пакувањето се испорачува адаптер, што е компатибилен дури и со уредите на другите производители.