Microsoft соопшти дека нивниот оперативен систем Windows 10 се користи на повеќе од 500 милиони уреди ширум светот. Податокот беше објавен на годишната конференција Build Developers во Сиетл. Ова е прилично солидна бројка, со оглед на тоа како корисниците го прифатија Windows 8 што многумина решија да го прескокнат.

Половина милијарда корисници се двојно повеќе од бројката што Microsoft  ја соопшти на ланската конференција. Во компанијата се задоволни од тоа како е прифатен новиот оперативен систем, како и од брзината со која се шири.

Компанијата објави и некои податоци за Office и за Cortana. Комерцијалната верзија на Office 365 има 100 милиони активни корисници месечно, а Cortana има 141 милион корисници.