Sony претстави семоќен Xperia Touch

Паметните домови не се повеќе новост, но засеха малку кој може да си приушти такво нешто. Кога пред некоја година имавме прилика да видиме како некои големи компании ја замислуваат технологијата на иднината, сите останавме вчудоневидени.

Имено, нивниот план е секоја повтшина да ја направат интерактивна и така да ја доведат технологијата на секој ваш чекор. Како што обично се случува во денешно време, работите се развиваат и побрзо отколку што можеме да замислиме.

Неодамна Sony го претстави својот Xperia Touch интерактивен проектор кој може рамната површина за час да ја претвори во екран осетлив на допир. Се работи за проектор кој од мала оддалеченост проектира вертикална или хоризонтална проекција и така создава едно сосема ново доживување.

Тој може било која рамна површина да ја претвори во интерактивен екран со помош на кој можете да играте игри, да се допишувате со пријателите или да правите нешто сосема трето. Компатибилен е во потполност со Google Play продавницата, така што можете да користите безброј апликации.

Еден од проблемите е цената на самиот уред. Проекторот ќе чини ни повеќе ни помалку туку 14.993 евра, што е огромна цена за еден технолошки уред. Вистинското прашање е на кој сегмент од пазарот ќе цели и кој всушност ќе бидат купувачите на овој уред.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × one =