Sims се враќа на Android и iOS

Electronic Arts ја лансираше оваа култна симулација за паметните телефони. Новата игра The Sims Mobile е базирана на компјутерската верзија The Sims 4 и ги има сите карактеристики како и на компјутер.

Играта засега е достапна единствено во Бразил, но наскоро би требало да се појави во целиот свет. Ќе го задржи free-to-play моделот и ќе воведе некои опции како играње со пријателите преку интернет.

The Sims уште од 2011 веќе неколку пати излегуваше на мобилните платформи во разни верзии, но некако не заживеа. Додека од друга страна, The Sims 4 на компјутерите е најпопуларна игра од Sims серијата и бројот на играчи расте за 33 проценти од година во година. Ќе видиме дали ќе успее да го повтори истиот успех на мобилните уреди.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × five =