HTML 5 – Ново доба на вебот!

Нема никакви дилеми дека HTML5 е иднината на вебот. На него работат сите заедно – Apple, Google, Microsoft, Adobe, Opera, Mozilla и многу други – и сите ветуваат полна поддршка во своите веб-прегледници и останати производи

HTML 5 не е ништо ново иако во последно време за него многу се зборува – благодарејќи на отровните стрели кои почнаа да летаат помеѓу Apple, кој во него се колне, и Adobe, кој го брани својот Flash. Се работи за нова верзија на HTML, јазик за изработка на веб страници, кој донесува цела низа новости и можности кои досега ги немаше вебот, барем не без помошта на додатоците како Flash. Со други зборови, не очекувајте од него ништо револуционерно, ништо што веќе не сте го виделе – главните промени се случуваат одвнатре, а единствената промена за корисниците кои не ги интересираат технички приказни е дека повеќе нема да требате да инсталирате никаков додаток во својот веб прегледник, туку тој сам по себе ќе ги поддржува тие напредни можности. Секако, подразбирајќи дека луѓето ги користат најновите верзии на модерните браузери.

На HTML5 почна да работи уште во 2004 година WHATWG (Web Hypertext Application Technology Working Group), задруга настаната од желбата да се забрза развојот на веб стандардите, кој под закрила на W3C течеше многу бавно. W3C во тоа време сметаше дека иднината на вебот е XHTML и почна да работи на неговата втора верзија, но ентузијастите од Apple, Mozilla и Opera не се сложуваа со тоа и тргнаа да во креирање на HTML5. Три години подоцна W3C заклучи дека е на погрешен пат и го прифати HTML5. Кога сите помислија дека WHATWG во тој момент ќе престане да постои, среќен што поттикнал голем чекор во развојот на вебот и што неговата работа ќе тргне по патот на службениот стандард, тоа не се случи. И двете тела ја продолжија работата на спецификацијата, па денес имаме всушност две варијации на тема – една службена на W3C, кој е авторитет по прашањето на веб-стандардите, и онаа неслужбена, која ја развиваат група стручњаци од Apple, Mozilla, Opera и Google, кои несомнено имаат големо влијание на развојот на вебот, иако зад себе немаат формална организација како што е W3C. Сепак, уредниците на HTML5 спецификацијата за двата табора се исти луѓе, што значи дека групите меѓусебно соработуваат и дека на крајот сепак ќе имаме еден стандард, па е тешко сфатливо зошто тогаш воопшто возење на два колосека. Уредници на HTML5 спецификациите се Јан Хиксон од Google и Дејвит Хиат од Apple, што го објаснува фактот зошто токму Google и Apple се најголемите заговарачи на идниот стандард.

Брзината е одлика

Во март оваа година HTML5 кај W3C го доби статусот Working Draft 4, што на најбанален речник значи дека на него се уште дебело се работи. Гледајќи ги стадиумите кои спецификациите ги минуваат кај W3C, се работи само за прв чекор – по кој следат уште четири: Last Call Working Draft, Candidate Recommendation, Propose Recommendation и W3C Recommendation. За среќа, не е се така црно како што изгледа – последните фази се менуваат значително побрзо отколку почетните, но сеедно, целата приказна дебело доцни. Според иницијалниот план, HTML 5 денес би требало да биде во претпоследната фаза и за неколку месеци да стане финална препорака. Тоа, секако, не се случи, а Јан Хиксон, уредник на HTML5 спецификацијата, очекува дека фазата Candidate Recommendation ќе биде актуелна дури во 2012 година, додека задното скалило ќе биде досегнато најрано 2022. Но, не морате да се грижите, така оди тоа со стандардите. Во развојот на ова се вклучени сите, вклучувајќи ги сите производители на веб-прегледници и клучните веб-компании, и сите се колнат во HTML5. Читајќи помеѓу редови, секако, секои од нив имаат некои свои желби и барања поттикнати од некои сопствени интереси, но јавната поддршка постои, и на она што ќе се прогласи стандард не би требало да има приговори, бидејќи сите учествувале во неговата изработка.

Вистинското прашање не е кога спецификацијата ќе биде завршена, тука кога се’ што донесува ќе може да се користи во пракса. Спецификацијата на HTML5 е направена модуларно, така што бројните можноста веќе и денес се достапни во многуте модерни веб прегледници. Во согласност со тоа, некои делови на новиот HTML веќе се подготвени за финалниот стадиум и масовна употреба на веб. Единствено што треба е да се натераат луѓето да ги користат новите верзии на прегледници, а тоа не е ни малку едноставна работа. Да се сетиме само на хордите корисници кои се’ уште во двоцифрен процент ги користат старите верзии на Internet Explorer, кои не само што немаат поддршка за HTML5, туку не ги прикажуваат правилно ни актуелните веб-стандарди.

Сите производители на прегледници, дури и по прашање на вебот проблематичниот Microsoft, најавуваат бескомпромисна поддршка за HTML5 во новите верзии на Safari, Chrome, Firefox, Internet Explorer, Opera. Сепак, бидејќи спецификацијата не е во целост готова, не треба да се очекува дека сите нејзини карактеристики ќе бидат достапни во браузерите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × two =