Еден од најпопуларните BitTorrent клиенти објави планови за селидба во веб прегледник. Следната верзија на uTorrent апликацијата ќе можете да ја покренете директно од веб браузер, а еден од најпопуларните BitTorrent ќе дојде со потполно нов кориснички интерфејс и би требало да овозможи подобар и побрз стриминг.

Конечните планови на uTorrenta се во потполност да се пресели на веб, што значи дека во скора иднина можеби воопшто нема да можете да преземете и користите десктоп апликација, туку исклучиво онлајн.

Новата верзија е преземена од проектот Maelstorm, од кој требаше да излезе сопствениот веб прегледник на BitTorrent, но во меѓувреме работата на него беше прекината. Пред апликацијата да стане исклучиво достапна во прегледник, BitTorrent подолго време ќе ја тестира новата верзија, па засега можете да бидете мирни и да ја користите во онаа форма на која сте навикнале, бидејќи паралелно ќе функционираат двете варијанти.