Една од најпопуларните социјални мрежи во светот Instagram, од сега има некои нови можности. Иако од своите почетоци се потпираше во потполност на мобилните апликации и сликите споделени од нив, овие денови и мобилниот веб интерфејс доби нови можности.

Од сега корисниците на Instagram ќе можат од мобилниот телефон да аплоадираат фотографии, и тоа дури и ако немаат инсталирано посебна апликација. Тоа ќе биде можно по пат на веб интерфејсот на познатата адреса instagram.com. Оваа можност сигурно добро ќе им дојде на корисниците со послаби смартфони и на оние со полош пристап до интернет, преземајќи ја улогата на „лесна” верзија на Instagram со основни функционалности.

И натаму без аликацијата нема да можете да поставувате видео снимки, да креирате Stories, применувате нови филтри, ниту да праќате и примате директни пораки. Акцентот на Instagram останува на мобилните уреди, па додавањето фотографии по пат на десктоп интерфејсот од компјутер ни сега не е овозможено.