Потврден новиот Call Of Duty

Љубителите на видео игри ја исчекуваат секоја вест за продолжението на Call Of Duty, а потврдата дека ќе излезе на 26. април е музика за нивните уши. Оваа информација е потврдена, а малкуте познати детали, пред се двете слики од играта, како и кутијата во која ќе биде спакувана, потврдуваат дека се ќе се случува за време на Втората светска војна. Тоа ќе биде враќање на корените преку насловот: Call of Duty: WWII.

Оваа година Sledgehammer Games се здружуваат со Call Of Duty, а играта, скоро после 10 години се враќа на најголемата светска војна, најавено е од Activision што стои зад оваа игра.

Првите три продолженија од играта се случуваа во периодот на II светска војна, како и петтиот дел. Овие игри наидоа на одличен прием, пред се од гејмерите, но продолженијата како Modern Warfare и Black Ops, иако беа најпродавани игри на годината, сепак, забележаа помал успех. Оттаму и чуди вражањето на добро проверениот рецепт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + thirteen =